Често поставувани прашања

Начин и безбедност при купување

1. За нарачка на посакуваниот производ првин отворете го производот (со клик на насловот или на фотографијата), а потоа одберете ја посакуваната опција (големина, боја) и кликнете на копчето “Нарачај“.
Производот ќе биде ставен во вашата кошничка која можете да ја најдете во горниот десен агол.
2. Кликнете на кошничката и изберете плаќање.
3. Внесете ги вашите податоци, изберете начин на плаќање и на крај потврдете ја нарачката 

Да. Вашите податоци се целосно безбедни а податоците од вашата платежна картичка се процесираат преку Casys и не се зачувуваат на веб страната.
 

При нарачка на веб страната се зачувуваат вашето име и презиме, адресата, телефонскиот број и податоците за нарачката која е направена.

Испорака на нарачките

Испораката се врши за 2-5 работни дена од денот на испраќање на истата. Во одредени случаи може да настане и одложување на испораката од страна на поштенскиот сервис поради технички причини или непроодност на патишата.
Испораката не се врши за време на викенд, неработни денови и државни празници.

Испораката се врши преку Експрес пошта

Поштарината за градските населени места изнесува 100 за градови во Зона1 и 150ден. за градови во Зона 2 и се однесува за пратки до 5кг.
За пратки над оваа тежина или пратки со поголем волумен поштарината ја одредува експрес пошта согласно нивниот ценовник.
За приградските населени места и селата со оддалеченост до 5км од градовите поштарината започнува од 150ден.

Произзводот може да го отворите ќе ја потпишете испратницата и платите поштарината и откупнината (доколку сте избрале плаќање при испорака).
Производот не може да се отвори без да се изврши наплатата за иситот.
Во случај производот да ви пристигне во оштетено или отворено пакување веднаш пријавете го случајот на 070 989 252

Нашиот тим се труди секогаш да е прецизен во испораката на пратките и доследен кон нашите купувачи.
Во случај да е испратен погрешен производ ние веднаш ќе ви го испратиме соодветниот производ кој сте го нарачале без да имате дополнителни трошоци.

Во случај производот кој сте го нарачале да не ви се допаѓа или пак не е соодветен за вашите потребни истиот можете да го замените со истороден или друг производ во износот кој сте го платиле.
Замената се врши во рок од 15 дена од денот на поднесеното барање за замена а трошоците за превземање и испорака се на сметка на купувачот.
 

Во случај да станува збор за грешен производ или фабричка грешка поштарината и останатите трошоци за замената ги превзема Moemesto.mk

Доколку пак кучувачот сака да го замени или врати производот бидејќи не е задоволен од истиот тогаш истиот ги покрива трошоците за замена/враќање на производот

Сервис, замена и враќање на производите

Доколку производот кој сте го добиле не одговара на прикажаниот или пак не ги задоволува вашите барања и потреби истиот можете да го замените со истороден или сличен прозивод во вредност на износот кој сте го платиле, или да ја доплатите разликата до вредноста на новиот производ.
Реализацијата на замената се врши во рок од 15 дена од процесирање на истата а трошокот за да се изврши замената го плаќа купувачот.

Нашиот сервис овозможува враќање на производи во период од 15 дена од денот на прием на пратката!
За да го остварите вашето право на враќање на производ и рефундирање на средствата потребно е да бидат исполнети следните услови:

  • Производот да биде исправен и во функција.
  • Производот да не биде користе, односно да е чист и во исправна состојба без физички или технички оштетувања.
  • Производот да биде со оригиналното пакување како што е добиен со оригиналната кутија, ќесички и упатство.
  • Во прилог да се прикаже документот (фактура) кој е издаден за нарачката и адресница од доставната служба за извршена достава.

Производот треба да биде доставен на увид до администраторите на moemesto.mk и доколку ги исполнува горенаведените услови  ќе биде реализирано враќањето и рефундирањето на износот.

Замената на производот се врши во рок од 15 работни дена по приемот на производот и извршениот увид.
Откако администраторите на Moemesto.mk ќе направат увид во состојбата на производот и утврдат дека ги исполнува условите за замена /  враќање на истиот ќе биде постапено соодветно.

Рефундирањето на платениот износ се врши во рок од 15 работни дена од денот на утврдувањето дека производот ги исполнува условите за рефундирање.

Откако ќе биде утврдено дека производот ги исполнува условите за враќање и рефундирање во рок од 15 работни дена од денот на утврдувањето ќе биде исплатен износот на вашата жиро сметка.

Купувачот е должен да достави жиро сметка на негово име во некоја од банките во Р.Македонија на која ќе биде извршена уплатата на платениот износ.

Трошокот за поштарина не се рефундира.

Доколку производот кој сте го добиле подлежи на гарантен период истиот може да го испратите до соодветниот сервисер за сервисирање.

Листата на овластени сервисери можете да ја најдете тука 

Доколку производот не подлежи на гаранција а дефектот се случил во период од 30 дена од денот на добивање на призводот истиот може да побарате да ви биде заменет со истороден или сличен производ.

За сите производи кои подлежат на гарантен период е наведено во описот на самиот производ.