Политика на приватност

Моеместо.мк ја почитува Вашата приватност и ги заштитува Вашите лични податоци согласно законските прописи.

Предмет на Политиката за приватност

Оваа политика се однесува на начинот на кој МОЕМЕСТО.МК ги обработува личните и други податоци преку кои може да се изврши лична идентификација како што се Вашето име и презиме, единствениот матичен број, број на лична карта, даночен број, телефонскиот број, адреса, e-mail адреса, како и дополнителни демографски информации кои инаку не се јавно достапни, вклучувајќи ги и информациите во врска со Вашето користење на производите и услугите на МОЕМЕСТО.МК.

Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно.

Собирање на лични податоци

МОЕМЕСТО.МК ги собира и ги обработува Вашите лични податоци кога се регистрирате како корисник на неговите производи и услуги, кога се регистрирате онлајн на неговите веб страници како корисник на онлајн услугите, кога ги посетувате неговите веб страници или веб страниците на одредени партнери на МОЕМЕСТО.МК, како и кога учествувате во промоции или наградни игри. МОЕМЕСТО.МК може да Ве регистрира како корисник на производите и услугите преку дефинираните продажни места како и онлајн преку своите страници дефинирани за регистрација.

Кога се регистрирате, од Вас бараме лични податоци, а соодветно на потребите и услугите, МОЕМЕСТО.МК може да побара и дополнителни податоци.

Кога се регистрирате онлајн, посебно кога е потребен пренос на строго доверливи информации, МОЕМЕСТО.МК го заштитува протокот на Вашите лични податоци преку мрежата со SSL протоколот за заштита на информации.

МОЕМЕСТО.МК собира информации за Вашите трансакции со него и со неговите деловни партнери, вклучувајќи ги и информациите за плаќањето на производите и услугите кои ги нуди.

МОЕМЕСТО.МК може да прибира информации за Вашата посета, вклучувајќи ги страните кои ги гледате, линковите на кои кликнувате и други активности поврзани со сајтовите и услугите на Моеместо.мк и може да прави записи на активноста на корисникот.

Ве молиме да имате предвид дека во случај да откриете лични податоци преку групите на МОЕМЕСТО.МК или други јавни онлајн форуми, истите може да ги приберат и да ги користат и други. Затоа, Ве советуваме и Ве предупредуваме да не ги откривате своите лични податоци онлајн на непознати, со цел да се спречи нивно неовластено користење или злоупотреба.

Употреба, споделување и откривање на информации

1. Моеместо.мк ги собира и ги обработува Вашите лични податоци за:

  • Регистрирање на купувачи и продавачи на онлајн сервисот на моеместо.мк
  • Подобрување на услугите
  • Наплата на услугите
  • Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на вашите интереси, врз основа на Ваша изречна согласност
  • Спроведување истражувања за производите и услугите кои ќе придонесат за подобрување на услугите кон Вас.

2. Моеместо.мк ги користи Вашите лични податоци од Вашите профил за да комуницира со Вас. Тоа значи дека Моеместо.мк:

  • Може да праќа одредени задолжителни известувања и писма како што се писма за добредојде, опомени за плаќање, информации за прашања за технички услуги и известувања за безбедност, електронски писма на Вашата е-mail адреса за известување во процесот на регистрација за одреден негов производ или услуга, и сл.
  • Може да праќа периодични писма до корисниците, кои се сметаат за дел од услугата на Моеместо.мк
  • Може повремено да Ви испрати промотивни електронски писма со цел да Ве информира за други и нови производи или услуги на располагање од моеместо.мк, при што го задржувате правото повратно да нè известите дека во иднина не сакате повеќе да добивате информации од ваков тип.

3. Моеместо.мк ги обработува Вашите лични податоци единствено за целите за кои се собрани, а кои се подетално опишани во точка 1 од овој член. Моеместо.мк може да врши обработка и за други цели врз основа на Ваша согласност или во следните случаи:

  • Обработка на лични податоци од страна на партнери од доверба кои работат во име на или со МОЕМЕСТО.МК, врз основа на договори за обработка на податоци со кои се обврзуваат на сигурност и тајност на личните податоци. Овие компании, во име и за сметка на Моеместо.мк можат да ги користат Вашите лични податоци за да комуницираат со Вас за понуди на производи и услуги на Моеместо.мк. Овие компании можат да ги обработуваат Вашите лични податоци во согласност со насоките што ги добиваат од Моеместо.мк. Тие немаат право да вршат обработка на Вашите лични податоци за цели кои не се восогласност со договорената деловна соработка.
  • Обработка на лични податоци од страна на надлежни органи врз основа на судски налог и во судски постапки каде што постои законска основа за тоа.
  • Вашите лични податоци може да бидат дадени на понатамошна обработка на друго правно лице доколку се промени правниот субјективитет на МОЕМЕСТО.МК (спојување со или припојување кон друга компанија, трансформација на компанијата, отварање на друга компанија со исти сопственици). Во овој случај, моеместо.мк ќе Ве извести пред Вашите податоци да бидат дадени на обработка на новиот правен субјект и пред нивната обработка да стане предмет на поинаква Политика за приватност.

Користење на “Колачиња“

Cookie е мал фајл со текст кој е ставен на Вашиот хард диск од страна на Вашиот сервер на веб страницата. Колачињата содржат информации кои можат да бидат прочитани подоцна од веб серверот во доменот кој Ви ги издава колачињата. Колачињата не можат да се користат за работење со програми или пак да пренесат вируси на Вашиот компјутер.

1. МОЕМЕСТО.МК користи “колачиња” за да Ви овозможи да се пријавите на услугите на МОЕМЕСТО.МК и да Ви помогне да го персонализирате Вашето онлајн искуство.

2. МОЕМЕСТО.МК може да ги постави и да има пристап до колачињата на Моеместо.мк на Вашиот компјутер.

3. МОЕМЕСТО.МК обезбедува рекламен простор на своите веб страници за други компании. Некои од овие реклами на други компании може да поставуваат колачиња и да имаат пристап до нив на Вашиот компјутер. Употребата на колачиња од страна на други компании е предмет на нивни сопствени политики за приватност, а не на овие Општи услови. Огласувачите или другите компании немаат пристап до колачињата на МОЕМЕСТО.МК.

4. МОЕМЕСТО.МК нема пристап до колачињата кои може да бидат поставени на Вашиот компјутер од рекламните мрежи на други компании.

Контрола на Вашите е-mail адреси и Вашите информации

1. Може да извршите промена на информациите од Вашиот профил на www.moemesto.mk, како и да ги промените Вашите преференци за вршење на директен маркетинг во кое било време преку пристап до веб страницата.

2. Го задржуваме правото да Ви испраќаме одредени известувања кои се поврзани со услугите на МОЕМЕСТО.МК, како што се објави за услуги, административни пораки и информации и известувања кои се сметаат за дел од Вашите  акаунти и за нив не се нуди можност да одберете да не Ви пристигнуваат.

3. За бришење на Вашиот профил на МОЕМЕСТО.МК потребно е да ни испратите емаил со иформациите како име, презиме, телефон, емаил и текст дека сакате да го избришеме вашиот профил како и причините поради кои сакате да престанете со користење на услугите на моеместо.мк одкако ќе ни потврдите телефонски дека сакате да го избришеме вашиот профил истото ќе биде остварено од наша страна.

Доверливост и безбедност

1. Пристапот до Вашите лични податоци во МОЕМЕСТО.МК е ограничен на оние вработени и трговци кои тргуваат преку МОЕМЕСТО.МК за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги или производи.

2. Ги преземаме сите потребни технички и организациски мерки за обезбедување на сигурност и тајност на Вашите лични податоци, сè во согласност со постојните законски прописи од оваа област, со цел да ги заштитиме истите од неовластен пристап, неовластено откривање, неовластена обработка или злоупотреба.

3. Кога пренесуваме чувствителни податоци (како број на кредитна картичка или лозинка) преку Интернет, ги штитиме преку користење на шифрирање, како Secure Socket Layer (SSL) протоколот.