За нас

МОЕМЕСТО.МК е првата македонска платформа која овозможува секоја компанија, трговец или продавница да продава преку интернет и да биде достапна во секое населено место во секое време.

Водени од визијата да го отвориме македонскиот електронски пазар за сите компании да бидат достапни во секое населено место креиравме платформа која го овозможува токму тоа.

На moemesto.mk брзо и лесно можете да најдете илјадници производии услуги по најповолни цени.  Тука можете да изберете најповолни понуди облека, обувки, чанти, часовници, спортски справи и спортска опрема, предмети за домот, кујнски и мали апарати, електроника и бела техника, компјутери, лаптопи, мобилни телефони, тв и аудио опрема, мебел, книги, па се до опрема за автомобили, канцелариска опрема и материјали и опрема за бебиња.

Воедно можете и да изберете од новата понуда на услуги и зделки кои секојдневно ги обезбедуваме за вас. Сите овие производи и услуги ви се достапни во било кое време и од било кое место, а за 48 часа по направената нарачка истите
ги добивате на адресата која ја имате оставено.

 

Зошто да се одлучите за нас

Целокупната платформа е прилагодена за лесно и едноставно да го пронајдете она што ви е потребно и веднаш да го нарачате. Нашиот тим е целосно фокусиран кон перфектност во услугата и е спремен во секое време да излезе во пресрет на вашите барања и потреби.  Континуирано го инвестираме нашето време и енергија да обезбедиме најбрз и најбезбеден начин за купување на интернет.

При секоја нарачка вие можете да бидете сигурни дека ќе го добиете производот на вашата адреса во најкраток можен рок со квалитет и гаранција која што е декларирана на истиот, а доколку не сте задоволни истиот можете да го вратите и парите да ви бидат вратени.

Ние сме тие кои гарантираат за вашите пари и за квалитетот на услугата и наш врвен приоритет е вашето задоволство од услугата.

И најважно од се, за вашите пари вие добивате многу повеќе.

Со секоја нарачка ние ве наградуваме со бонус поени кои можете да ги искористите во форма на попуст за вашата следна нарачка или дури да платите со нив и да добиете производ бесплатно.

Кај нас секогаш ќе најдете:

  • Врвен квалитет
  • Беспрекорна услуга
  • Гаранција и повеќе вредност за вашите пари
  • Тим кој е секогаш расположен да ви помогне

 

* Моеместо.мк платформата е целосно во сопственост и управувана од НЕТКОН СИСТЕМИ ДООЕЛ, компанија специјализирана за електронска трговија и консалтинг. Доколку сакате да дознаете повеќе за НЕТКОН СИСТЕМИ ДООЕЛ кликнете тука