Општи услови

Општи информации:

  • Moemesto.mk е електронска шопинг платформа во сопоственост и управувана од НЕТКОН СИСТЕМИ ДООЕЛ
  • Moemesto.mk овозможува трговците (добавувачите) да добијат заеднички електронски изложбен и продажен простор и да ги доближат своите производи електорнски до купувачите.
  • Сите производи кои се изложени за продажба на Moemesto.mk се во сопственост на разични компании регистрирани во Република Македонија, кои имаат склучено договор за деловна соработка со НЕТКОН СИСТЕМИ ДООЕЛ
  • Moemesto.mk не поседува залихи на производите и сите нарачани производи се превземаат директно од партнерските компании кои ги продаваат призводите преку moemesto.mk, и се доставуваат на адреса на купувачот.
  • Moemesto.mk односно НЕТКОН СИСТЕМИ ДООЕЛ се јавува како посредник во купо-продажбата и се грижи за процесирањето на нарачката од купувачот, организација на превземањето и испораката на производот и наплата за реализираната продажба.

 

Купување преку Moemesto.mk

  • Купувач на moemesto.mk може да биде секое полнолетно лице резидент во Република Македонија или лице нерезидент на Република Македонија кое сака производот да му биде доставен на адреса на територијата на Република Македонија.
  • Moemesto.mk не врши испорака на производите вон границите на Република Македонија
  • Лицето кое сака да нарача производ објавен на moemesto.mk може тоа да го изврши на 3 начини и тоа

o   Преку нарачка директно од веб страницата https://moemesto.mk со кликање на копчето КУПИ кај производот , пополнување на формуларот со сопствени податоци и потврдување на нарачката

o   Преку телефон со јавување на телефонскиот број 070  989 252 или со текстуална порака при што треба да ги остави своите податоци Име и Презиме, Адреса за испорака, телефон за контакт, емаил и инфорации за производот кој сака да го нарача (Назив на производот, Шифра/Код на производот и доколку поседува дополнителни карактеристики пр. боја, големина)

o   Преку официјалната фан страница на Moemesto.mk на Facebook со порака во сандаче на следниот линк https://m.me/moemesot.mk каде треба да ги остави своите податоци Име и Презиме, Адреса за испорака, телефон за контакт, емаил и инфорации за производот кој сака да го нарача (Назив на производот, Шифра/Код на производот и доколку поседува дополнителни карактеристики пр. боја, големина)

  • Плаќањето на нарачката купувачот може да го изврши на три начини:

o   при испорака на производот при што плаќањето го врши на доставната служба, која подоцна врши уплата на НЕТОН СИСТМЕИ ДООЕЛ

o   преку банкарски налог или

o   со валидна платежна картичка преку веб страницата.

  • Сите три начини на плаќање се достапни за избор на купувачот преку веб страницата.
  • Нарачката која ќе ја направи купувачот преку Facebook фан страницата или преку телефонскиот број на moemesto.mk ќе биде испратена со опција за плаќање при испорака.
  • Moemesto.mk овозможува само паќање во Македонски денари и секое плаќање со платежна картичка од странство или во друга валута ќе биде конвертирано во Македонски денар.
  • Нарачката на производот од купувачот има третман на купо-продажен договор, а со тоа купувачот се обврзува да го прими производот при испорака и доколку избрал опција за плаќање при испорака, да го плати износот на доставната служба, која подоцна ќе изврши уплата на износот на НЕТКОН СИСТЕМИ ДООЕЛ.
  • Доколку купувачот ја одбие нарачката е должен да ги покрие настанатите трошоци за реализација на нарачката (трошокот за испорака и враќање на производот)
  • Доколку купувачот свесно и намерно или несвесно го злоупотреби името и брендот Moemesto.mk и со тоа нанесе финансиски штети или штети по угледот и репутацијата на компанијата, НЕТКОН СИСТЕМИ ДООЕЛ има право да побара обештетување за настанатата штета пред надлежните судски органи.

 

Реализација и испорака на нарачки

  • Moemesto.mk по добивањето на нарачката ќе изврши проверка на залихата нарачаниот производ кај добавувачите и, доколку производот е достапен на залиха, ќе биде направена електронска најава за превземање и достава на производот до партнерската доставната служба која е задолжена за испорака на нарачките
  • Доколку производот не е достапен на залиха Moemesto.mk ќе го извести купувачот преку телефон или емаил дека нарачката не може да биде реализирана.
  • Moemesto.mk го задржува целото право да одбие нарачка од купувач доколку процени дека истата може да наштети на квалитетот на услугата или на репутацијата на moemesto.mk или доколку процени дека нарачката се коси со законската регулатива во Република Македонија или со овие општи услови.
  • Moemesto.mk соработува со надлежните органи во Република Македонија и доколку забележи обиди за измама, неовластено користење на платежна картича, перење на пари или друг обид за кривично дело или прекршување на законите во Република Македонија, ќе ги извести надлежните органи за истото.
  • Откако нарачката ќе биде испратена, доставната служба ќе ја достави истата во рок од 3-5 работни дена.
  • Во случај на доцнење на испораката, купувачот може да се обрати и да ги извести администраторите на Moemesto.mk за да може навремено да се реагира до доставната служба
  • Пред да биде доставена пратката доставната служба со која соработува Moemesto.mk телефонски ќе го контактира примачот на нарачката за да го извести за испорака.
  • По приемот на нарачката, купувачот е должен да го провери производот и доколку забележи недостатоци на истиот во рок од 24 часа од приемот на нарачката да ги извести администраторите на Moemesto.mk преку телефон или емаил.

 

Сервисирање или замена на неисправен производ

  • Во случај на неисправност на производ кој подлежи на Гаранција,  купувачите имаат право да побараат бесплатен сервис на производот во гарантниот период почнувајќи од денот на нарачката на производот, или замена на производот кој подлежи на гаранција доколку увозникот/застапникот на производот нема обезбеден сервис.
  • Доколку тежината на производот е над 5 кг трошоците за превземање на производот за сервис ќе бидат на сметка на Моemesto.mk додека пак доколку тежината е под  5кг тогаш купувачот ја покрива поштарината за превземање на производот за сервис и враќање на производот по сервисирањето.
  • Правото на гаранција ќе важи за поризвод кој технички е неисправен, а доколку станува збор за физичко оштетување или виша сила тогаш трошокот за сервисирање на производот го плаќа купувачот.
  • Доколку добавувачот на производот за Moemesto.mk нема обезбеден сервис за поризводот, должен е да обезбеди замена за производот со ист или сличен производ.

 

Замена или Враќање на производ

  • Доколку купувачот забележи недостаток на купениот производ,  има право да побара замена на производот со друг производ од иста марка или сроден производ од различна марка во период од 15 дена од денот на купување на производот .
  • За да се оствари правото за замена производот мора да биде некористен, во исправна состојба со сите фабрички етикети и пакување како што во оригинал бил добиен.
  • Производот кој е за замена, купувачот потребно е да го достави до НЕТКОН СИСТЕМИ ДООЕЛ на увид за да се провери состојбата на истиот дали е користен или не.
  • Трошокот за достава на производот на увид го плаќа купувачот, додека трошокот за замена на производот односно враќање на нов производ до купувачот го покрива Moemesot.mk
  •  Доколку производот е користен или оштетен и не ги содржи оригиналното пакување, етикети и декларации, купувачот нема право на замена или враќање на производот, и истиот производ ќе му биде вратен.
  • Во случај да се исполнети условите за змена, доколку има на располагање ист или сличен поризвод од добавувачите на Moemesto.mk , истиот ќе биде испратен на купувачот.
  • Доколку постои разлика во цената на заменетиот призвод со новиот производ, купувачот е должен да ја надомести разликата во цената.
  • Доколку цената на новиот производ со кој се заменува производот е помала, Memesto.mk ќе ја врати разликата на износот на купувачот.
  • Доколку не истороден или сличен производ за замена за производот , купувачот има право да побара замена со друг производ или да побара да му биде вратен износот кој го има платено и да го врати поризводот назад.
  • Трошокот за рефундирање на средствата и враќање на производот го превзема moemesto.mk
  • Враќањето на средствата ќе се изврши банкарски откако призводот ќе биде вратен на проверка и увид до moemesto.mk
  • Во случај на враќање на средствата на купувачот, Moemesto.mk  го враќа само износот за цената на производот, но не и трошокот за испорака кој го платил купувачот.

 

Oдрекување од одговорност

  • Moemesto.mk како посредник во продажбата не е одговорен за квалитетот на производот, неговата исправност и состав, како и за штетите кои евентуално би настанале од неисправност или неправилно користење на производот.
  • Moemesto.mk не одговара за релевантноста на содржината на описот на производот, како и фотографиите кои се користат за приказ на производот.
  • Целокупната одговорност за исправноста и квалитетот на производот како и евентуални штети кои би настанале од неговото користење ги сноси компанијата добавувач на производот.

 

Преодни и завршни одредби

  • Овие општи услови се задолжителни како за добавувачите така и за купувачите на производите преку Moemesto.mk.
  • Општите услови имаат третман на купо-продажен договор помеѓу купувачите и НЕТКОН СИСТЕМИ ДООЕЛ и важат за секоја нарачка на производ од Moemesto.mk без разлика дали истата е направена телефонски, преку веб страницата или преку Facebook фан страницата.
  • Со секое нарачување на призвод преку Moemesto.mk, Купувачот се согласува со овие општи услови и ги прифаќа истите.