• Лекување со Шопенхауер
  • Автор: Ирвин Јалом
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300290
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страни: 386
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
  •  

Лекување со Шопенхауер е романизирана слика за групна терапија, внатрешен поглед врз членовите на една група и врз начинот на кој вештиот психоаналитичар ги води и ги охрабрува да не западнат во апатија и да не пропаднат. Некои делови од книгата се читаат како психотерапевтска верзија на Платоновата Гозба, каде што динамичноста им овозможува на јунаците да ги откријат своите внатрешни гласови кои, во спротивно, би им останале наполно непознати. Главниот јунак, еминентниот психотерапевт Xулиус Херцфелд, кому му е останата само уште една година од животот, во таа своја последна година, со неделните сеанси со пациентите, го пишува својот тестамент.Суштинска вредност на тие терапии, а со самото тоа и на целата книга, претставува присуството на еден пациент на Херцфелд од минатото, кому тогаш не успеал да му помогне, Филип Слејт, самопризнаен сексуален зависник, кој утехата и терапијата за својата зависност ги нашол во философијата на Артур Шопенхауер. Слејт не го проповеда Шопенхауер, туку го живее, или барем се обидува да го прави тоа. Доаѓањето на терапевтските сеанси на една од неговите поранешни жртви, го доведува до одлуката да ја стави на тест својата животна философија. Кога сите пациенти се соочуваат со скриените делови од своето минато, поттикнат од Филип, се соочува и самиот доктор Xулиус.

Напиши мислење

Лекување со Шопенхауер

Сеуште неоценето Напиши мислење
Цена
450ден. 325ден.

Заштеда 125ден.

Достапност:
На залиха
Код на продуктот:
Т0044
Производители
ТРИ

  • Испорака: 100-150ден.

  • Безбедно купување

Сподели

Видени производи