За нас

МОЕМЕСТО.МК е првата македонска платформа која овозможува секоја компанија, трговец или продавница да продава преку интернет.

Водени од визијата да го отвориме македонскиот електронски пазар за сите компании да бидат достапни во секое населено место креиравме платформа која го овозможува токму тоа.

На moemesto.mk брзо и лесно можете да најдете илјадници производи по најповолни цени.  Тука можете да изберете најповолни понуди облека, обувки, чанти, спортски справи и спортска опрема, предмети за домот, кујнски и мали апарати, електроника и бела техника, компјутери, лаптопи, мобилни телефони, тв и аудио опрема, мебел, книги, па се до опрема за автомобили, канцелариска опрема и материјали и опрема за бебиња.

Воедно можете и да изберете од новата понуда на услуги и зделки кои секојдневно ги обезбедуваме за вас. Сите овие производи и услуги ви се достапни во било кое време и од било кое место, а за неколку дена по направената нарачка истите
ги добивате на вашата адресата.

 

Зошто да се одлучите за нас

Целокупната платформа е прилагодена за лесно и едноставно да го пронајдете она што ви е потребно и веднаш да го нарачате. Нашиот тим е целосно фокусиран кон перфектност во услугата и е спремен во секое време да излезе во пресрет на вашите барања и потреби.  Континуирано го инвестираме нашето време и енергија да обезбедиме најбрз и најбезбеден начин за купување на интернет.

При секоја нарачка вие можете да бидете сигурни дека ќе го добиете производот на вашата адреса во најкраток можен рок со квалитет и гаранција која што е декларирана.

Ние сме тие кои гарантираат за вашите пари и за квалитетот на услугата и наш врвен приоритет е вашето задоволство од услугата.

И најважно од се, за вашите пари вие добивате многу повеќе.

Кај нас секогаш ќе најдете:

  • Врвен квалитет
  • Беспрекорна услуга
  • Гаранција и повеќе вредност за вашите пари
  • Тим кој е секогаш расположен да ви помогне

 

* Моеместо.мк платформата е целосно во сопственост и управувана од НЕТКОН СИСТЕМИ ДООЕЛ, компанија специјализирана за електронска трговија и консалтинг. Доколку сакате да дознаете повеќе за НЕТКОН СИСТЕМИ ДООЕЛ пишете ни на contact(at)moemesto.mk


Контакт детали:
НЕТКОН СИСТЕМИ ДООЕЛ
Адреса: ул.Св.Јоаким Осоговски 151-18 1330 Крива Паланка
ЕДБ: MK4015015503744
Телефон: 070 989 252 / 071 906 969
Емаил: contact@moemesto.mk